АМБРИ - ERP Софтвер за Материјално / Финансиско Работење

8 Совети за Вашата новогодишна бизнис резолуција

Објавено од Natasa Kostoska на 30 дек. 2019

< Назад

Сподели ја веста

ambri.co

Некаде помеѓу завршната сметка, годишниот попис и предновогодишната еуфорија, имавте ли време да ја направите Вашата бизнис резолуција?

Без разлика колку просперитет имаше Вашата компанија во 2019г. секогаш има простор за подобрување.
За сите кои се спремни да направат моќни промени во сопствениот бизнис, следуваат 8 совети:

  1. Споделете ги ново поставените цели:
    Постои причина зошто маратонците често пати тренираат во групи.
    -Си даваат меѓусебна мотивација и поттик за остварување на целта.
    Така и Вие, формулирајте ги Вашите цели, најдете партнер со кого ќе ги споделите и редовно состанувајте за да го проверите напредокот.
  2. Комуницирајте подобро:
    Во суштина, свртете го Вашиот фокус кон квалитетот над квантитетот. Вие можете да постирате и до 10 објави во текот на денот за Вашиот производ или бизнис, но без никаков резултат.
    Наместо тоа, фокусирајте се на објавување интересни и навремени информации што ќе ја охрабрат Вашата публика да комуницира со Вас и да ја споделува Вашата содржина.
  3. Посветете повеќе внимание на клиентите:
    На Вашите лојални клиенти, дајте им до знаење дека сте благодарни на нивната поддршка, нудејќи им бесплатна достава, бесплатен примерок или одличен попуст на одредени производи.
  4. Примете и почитувајте мислење од Вашите вработени:
    Вашиот пласман на пазарот и перформансите на вработените се во тесна меѓузависност. Задоволниот и ценет работник ќе има значаен придонес кон успехот на Вашата компанија.
  5. Кратете ги трошоците:
    Доколку имате банкарски продукт со висока камата, информирајте се за рефинансирање на истиот од банка со пониска каматна стапка.
    Во ова време на голема конкуренција помеѓу банките и небанкарските позајмувачи, имате голем избор и нема причина да продолжите да плаќате високи каматни стапки, посебно ако сте добро квалификувана компанија.
  6. Остварете ги плановите за раст, превземете (пресметан) ризик:
    Кога последен пат сте го прошириле Вашиот бизнис во однос на воведување нов производ или услуга?
    Направете истражување на пазарот и барајте начин за зголемување на приходите кои ги имате од постоечките клиенти (органски раст).
    Во многу случаи, оваа стратегија се испоставила дека е многу полесна и поевтина, одколку да стекнете нови клиенти.
    Доколку Вашата компанија работи добро, можеби е време да се разгледа и опцијата за отварање на нов деловен простор на друга локација. Но пред да превземете било каков чекор, потребно е да изработите добар бизнис план што ќе ви биде патоказ кон успехот.
  7. Бидете лидер а не следач:
    Ова се однесува на конкуренцијата.
    Одличниот производ, навремената услуга, добрата маркетинг стратегија и изборот на квалитетен софтвер за материјално и финансиско работење, имаат големо влијание врз Вашиот бизнис и ви овозможуваат секогаш да сте на чекор пред конкуренцијата. Со ова, ќе имате загарантиран успех.
  8. ДИГИТАЛИЗАЦИЈА:
    Текот на дигиталната еволуција е следниот:
    Прво беа компјутерите, потоа деловните програми, па мрежа и сервер и сега имаме облак (cloud).
    За жал, во нашата земја, бројот на компании кои го водат својот бизнис на традиционален начин е сеуште голем.
    Ако сакате да ги задржите своите конкурентски предности, не смеете да го заобиколите овој дигитален свет!
    Дигитализацијата не е веќе опција, туку потреба на компаниите и иднина на бизнис секторот.

За повеќе информации како да го вивнете бизнисот до облаци, посетете го следниот линк: https://ambri.co или контактирајте не на contact@ambri.co

АМБРИ | Софтвер за материјално и финансиско работење.


8 Совети за Вашата новогодишна бизнис резолуција was originally published in AMBRI on Medium, where people are continuing the conversation by highlighting and responding to this story.

ДОБИЈТЕ 1 МЕСЕЦ ГРАТИС +

Претплатете се на нашата мејлинг листа, и добијте 1 месец гратис!