АМБРИ - ERP Софтвер за Материјално / Финансиско Работење

5 чекори до успешна ERP имплементација

Објавено од Natasa Kostoska на 12 фев. 2020

< Назад

Сподели ја веста

ERP SOFTWARE

Се почесто го добиваме следното прашање:
“Што е ERP и како до успешна имплементација”?

ERP доаѓа од “Enterprise Resource Planning” и наједноставно кажано е систем за деловно планирање, односно софтверски систем што управува со сите деловни активности со цел подобрување на деловните перформанси.

Кога луѓето слушаат за EPR, најчесто преовладува помислата:

Да се користи софтвер комплицирано и тешко.

Не.

Дигитализацијата не е веќе опција туку потреба на компаниите и бизнис секторот.

Денес, дури и малите и средни претпријатија користат ERP систем со цел да ги оптимизираат ресурсите, да ја подобрат профитабилноста и да ги одржат своите клиенти задоволни.

Со имплементација на ERP се обезбедува персонализиран интерфејс, мобилни апликации и алатки кои на вработените им овозможуваат поефикасно да ги извршуваат работните задачи, додека пак раководството добива квалитетни, навремени информации кои се клучни за стратешкото одлучување.

Cloud ERP е бизнис концепт со кој имате пристап до сите програми, документи и сè останото што ви е потребно, од било кое време и било кое место.

https://ambri.co

Денес производителите на софтвер доставуваат сервиси како хостирани решенија и со тоа се елиминира потребата од обезбедување и менаџирање хардвер на лице место (читај сервер).

Интернетот креира глобална револуција каде што секоја компанија или индивидуа со интернет конекција може да прави бизнис од било каде во светот, во било кое време.

Она што историјата ни покажува е дека секоја нова технологија наидува на отпор. Пионерите ги користат новите технологии и креираат огромна бизнис вредност. И нормално, како што сè почесто наидуваме на успешни приказни, барањата се повеќе се зголемуваат.

Така, доаѓаме до моментот каде што прашањето “Зошто да користам Cloud ERP” се заменува со “КАКО”?

За сите кои што се спремни да направат моќни промени во својот бизнис, во прилог 5 чекори до успешна ERP имплементација:

Стратешко планирање

Составете тим
Составете тим од вработени задолжени за продажба, за однос со клиенти, сметководство, магацин и вработени од менаџментот.
Секој член на тимот е одговорен за конкретни задачи т.е развој во временска рамка, финализирање на целите и формулирање на план за обука на останатите вработени во секторот.

Испитајте ги тековните деловни процеси и протокот на информации

Тука е потребно да се изврши анализа за тоа кои бизнис процеси треба да се подобрат. Во оваа фаза се собираат клучни документи од работењето и се поставуваат следните прашања:

  • Како и колку се ажурирани Вашите деловни процеси?
  • Дали има процеси што може да се автоматизираат?
  • Колку време троши персоналот за обработка на нарачки?
  • Колку време е потребно да добиете повратна информација за залиха од магационерот?

Поставете цели и развијте план

Целите мора да бидат јасно дефинирани пред ERP имплеметацијата. Важно е колку вработени ќе работат на новиот софтвер, кои модули ќе се користат и во која временска рамка ќе се одвива целиот процес. Тука се дефинира и дали новиот софтвер ќе ги намали заостанатите активности и се разгледува на кој начин ќе се зголеме профитабилноста.

Преглед на постапка

Прегледајте ги убаво можностите на софтверот

Посветете 3 до 5 денови на интензивно прегледување на можностите кои ги нуди новиот софтвер. Испланирајте детална обука на сите вработени со цел полесна миграција.

Идентификувајте ги рачните процеси

Оценете кои процеси се извршуваат рачно а треба да бидат автоматизирани со ERP системот.

Развијте стандардни оперативни процедури

Овие процедури треба да бидат документирани. Иако звучи како голема задача, запомнете дека е клучна за успехот на Вашата имплементација. Пример:

  • На кој начин спроведувате промена на цени?
  • Која е постапката за внесување на нов запис од клиентот?
  • Како управувате со документацијата од испорачана стока?
  • Како додавате нов производ / услуга?
  • Колку време ви е потребно за изработка на фактурите?
  • На кој начин го пратите текот на нарачките /набавките?
  • Како и колку време ви е потребно за да генерирате извештаи?

База на податоци

Конвертирајте ги веќе постоечките податоци

Утврдете кои информации треба да се конвертираат со помош на анализа.

Соберете нови податоци

Дефинирајте кои нови податоци треба да се соберат. Идентификувајте го изворот. Создадете табели за собирање и сегментирање на податоците.
-Повеќето ERP системи имаат алатка за да испраќаат податоци од табели во нивната база на податоци.

Прегледајте го целосниот внес на податоци

Откако ќе завршите со процесот на конвертирање и собирање податоци, следен чекор е да се провери точноста и комплетноста на истите.

Обука и тест период

Тестирајте ја базата на податоци

Тим лидот треба да прави серија тестови за да потврди дека сите информации се точни и работат правилно. Потребни се 7 до 10 денови за да се утврди валидноста на работењето. Внесувајте сценарија од реалниот живот и секојдневното работење.

Потврдете го тестирањето

Откако ќе се утврди дека тестот е успешен и софтверот работи спрема стандардите за оперативни процедури, се преминува на фаза -обука на вработените.

Изршете обука на вработените

Имплементацијата не е комплетна само доколку се заврши системската фаза. Клучно е да се изврши обука на сите вработени, модул по модул, за работата да се одвива брзо и беспрекорно.

Продукциска фаза и евалуација

  • Завршете го процесот на физички попис.
  • Третирајте ги сите потешкотии предизвикани од транзицијата.
  • Обезбедете техничка поддршка за корисниците на софтверот за почетниот период од работењето.
  • Во првите 3 месеци направете преглед и споредба на перформансите со цел да се зголеми рентабилноста.
  • Поставете разумни цели.
  • Оценете го решението.
Со одговорен пристап, ERP имплементацијата ќе резултира со зголемена продуктивност, подобра внатрешна организација и ќе ја подобри Вашата конкурентност на пазарот.

Ок, дали сте спремни?

Време е и Вие да го пораснете бизнисот до облаци!
Заменете го традиционалното водење на бизнисот, непрегледноста, недоразбирањата и грешките на работното место со софтвер за материјално и финансиско работење кој е брз, паметен, модерен и едноставен.

Таков софтвер е конечно достапен и кај нас, на македонски јазик, прилагоден за македонски пазар и воден од македонска фирма.

https://ambri.co

5 чекори до успешна ERP имплементација was originally published in AMBRI on Medium, where people are continuing the conversation by highlighting and responding to this story.

ДОБИЈТЕ 1 МЕСЕЦ ГРАТИС +

Претплатете се на нашата мејлинг листа, и добијте 1 месец гратис!