АМБРИ - ERP Софтвер за материјално / финансиско работење

3 Клучни чекори за безбедно работење во време на COVID-19.

Објавено од Natasa Kostoska на 18 ноем. 2020

< Назад

Сподели ја веста

АМБРИ е тука за сите одговорни бизниси во време на COVID-19.

Како до најбезбедно извршување на работните обврски?

1. Преку примена на флексибилни политики за работа од дома, бидејќи со АМБРИ тоа е возможно.

Користејќи било каков уред со пристап до интернет, дел од вработените можат да го следат секој чекор во компанијата и да имаат беспрекорен тек на работните обврски од безбедноста на нивниот дом.
На овој начин се намалува бројот на вработени изложени на ризик од движење и физичко присуство во службените простории.

2. Преку автоматизираност, интегрираност и компактност на сите податоци и информации независно за сите магацини и продавници.

Заменете го традиционалното водење на бизнисот, непрегледноста, недоразбирањата и грешките на работното место со АМБРИ софтвер за материјално и финансиско работење кој е брз, паметен, модерен и едноставен.

На овој начин ги заштитувате оние вработени чие физичко присуство е неопходно во службените простории. Кога организираноста е на највисоко ниво и имате совршен тек на информации, се намалува физичката интеракција и со тоа можноста за ширење на пандемијата.

За сите останати придобивки што АМБРИ ќе ги донесе на Вашиот бизнис, посетете го следниот линк: https://ambri.co/

3. Со отварање на интернет продавница.

Компаниите го гледаат бенефитот од е-трговијата, ја разбираат моќта и вистински инвестираат во градење на одличен однос со нивните купувачи бидејќи се свесни дека навиките што купувачите сега ги стекнуваат, нема да престанат по завршување на пандемијата.

Затоа, во ова време, кога купувањето на омилениот производ или услуга може да се оствари од удобноста и сигурноста на домот преку компјутер, мобилен телефон или таблет, се поставува прашањето зошто Вие да немате сопствена интернет продавница преку која ќе генерирате загарантиран профит а притоа ќе го избегнете ризикот од физички контакт и ширење на пандемијата?

“Е-трговијата е крвотокот на државата за време на оваа пандемија”! Виктор Стојкоски, генералниот секретар на Асоцијацијата за е-трговија.

Амбри како член на Асоцијацијата за е-трговија се залага за креирање на иднина за раст и развој на е-трговијата во Република Северна Македонија.

Со нашите услуги за Материјално и Финансиско работење, како и водење на Ваша брендирана Интернет Продавница, АМБРИ излегува во пресрет на сите бизниси погодени од COVID-19 со најдобрата цена на пазарот!

Дигитализацијта не е веќе опција туку општествена одговорност на бизнис секторот.

#носимаска #држирастојание


3 Клучни чекори за безбедно работење во време на COVID-19. was originally published in AMBRI on Medium, where people are continuing the conversation by highlighting and responding to this story.

ДОБИЈТЕ ЕДЕН МЕСЕЦГРАТИС+

Претплатете се на нашата мејлинг листа, и добијте 1 месец гратис!